Во тестото додајте 1 состојка и печивото ќе биде меко 3 дена
Кифлички, леб, лепињи… секогаш се повкусни кога ќе ги направите сами отколку кога ќе ги купите од продавница или пекарница. Постојат толку многу рецепти за совршено печиво, но тоа главно е вкусно само првиот ден. Вториот ден ја губи свежината, а кога домаќинките ќе почнат да го месат тестото, задолжително прават поголеми количини. Никој не сака да јаде бајато печиво, па наместо да го фрлате, дознајте што да додадете во тестото за да остане свежо и меко и до 3 дена.
Препорачано
Таа состојка сите ја имаат дома и е прилично евтина, а во прашање е скроб. Додавањето скроб во тестото го прави финалниот производ посвеж и повкусен. Измешајте го со брашно, па просејте го во состојките за тестото. На четири шолји брашно оди една лажица скроб. Скробот секогаш додавајте го измешан со брашното, бидејќи само така ќе го видите ефектот.
Состојки:
– 1 кг брашно
– 1,5 лажици скроб
– 500 мл млако млеко
– 200 мл јогурт
– 2 јајца
– 2 лажички сол
– 1 лажичка шеќер
– 1 квасец
Подготовка:
Во сад измешајте 200 мл млако млеко, шеќер и квасец, па добро соединете и оставете да се активира. Додајте го преостанатото млеко, јогуртот, јајцата, солта, а потоа и просеаното брашно со скроб.
Замесете мазно тесто, па покријте со проѕирна фолија и оставете да стаса.


