Во тесна борба со Маленко: Памела Андерсон се разведува по петти пат, по само една година брак

памела андерсон
Фото: Принтскрин / Instagram

Уште една романса од пандемијата ќе стане минато – Памела Андерсон и нејзиниот сопруг Ден Хејхерст се разведуваат по само една година брак.

Поранешната ѕвезда на „Baywatch“ поднесува барање за развод во родната Канада, каде што таа и нејзиниот сега отуѓен сопруг живееја откако се венчаа на Бадник 2020 година, на церемонија на имотот на Андерсон на островот Ванкувер.

„Памела љуби автентично како што живее“, изјави извор близок на Памела, додавајќи дека краткиот брак бил „пандемски виор“ што згаснал.

Врзувањето на Андерсон и Хејхерст беше опфатено со драма од самиот почеток, кога поранешната на Хејхерст, Кери, излезе со бесни наводи дека Андерсон го разделила нивното семејство.

„Решив да проговорам затоа што сакам луѓето да знаат дека мојата речиси петгодишна врска, со вклучени три деца, заврши поради аферата што ја започнаа Пем и Ден додека тој сè уште беше со мене. Тажно е што луѓето го слават ова и ги бодрат, кога започна со измама, негирања и избори кои го уништуваат животот за сите инволвирани луѓе“, изјави Кери откако склучувањето на бракот излезе на виделина.

Андерсон (54) и Хејхерст не изгледаа вознемирени од тврдењата на неговата поранешна девојка, со оглед на фактот дека набргу потоа се огласија со интервју од нивниот брачен кревет.

„Ова е како магично место за живеење, претпоставувам. Тој работеше овде, а јас се заглавив овде за време на Ковид, и се заглавивме заедно, и сè уште сме заглавени заедно. Тој е тип на човек што веројатно би го запознала ако останав дома и да не го обиколев светот и да полудев. Мислам, дојдов дома во едно парче. Убаво е да се биде со вистински маж кој всушност може да смени сијалица“, изјави Памела во интервјуто.

Памела се забавувала со Хејхерст во септември 2020 година по разводот од сопругот Џон Питерс, со кого била во брак само 12 дена.

Секс-симболот прво беше во брак со Томи Ли, со кого ги дели синовите Брендон (25) и Дилан (24). Потоа се омажи и се разведе со Кид Рок во 2006 година.

Таа продолжи и се омажи за музичкиот продуцент Рик Саломон двапати, прво во 2007 година, што заврши со поништување и повторно во 2013 година. Потоа Андерсон се омажи со Питерс во јануари 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот