Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина, погодувајќи енергетски објекти

Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина, погодувајќи енергетски објекти и оштетувајќи електрани во неколку региони во текот на ноќта, соопштија властите во Киев.

Москва ги засили нападите врз електричната инфраструктура на Украина во текот на последниве месеци, предизвикувајќи прекини на струја во повеќе делови од земјата и ја натера Украина да побара од граѓаните да ја намалат потрошувачката.

„Руските вооружени сили извршија уште еден голем ракетен напад врз Украина“, објави украинската војска во редовниот утрински извештај на 27 април.

Русија извршила уште еден голем воздушен напад врз цели низ Украина со бомбардери, тактички авиони, бродови од Каспиското Море и беспилотни летала. Целите биле главно енергетски објекти, а експлозии се регистрирани во областите Харков, Киев, Хмелницки, Виниција, Ивано-Франковск, Житомир, Дњепропетровск, Тернопил, Черновци, Лавов.

И во источно  украинскиот град Харков,  недалеку од руската граница, ноќеска  имало експлозии, ракета удрила во близина на болница, при што од создадениот притисок делумно дошло до прскање на стаклата на прозорците.

Армијата претходно издаде соопштение за најмалку две повредени лица во  масивните ракетирања.  „Ноќеска рускиот окупатор повторно изведе масивен напад врз Украина со користење повеќе видови крстосувачки ракети“, се вели во армиското соопштение. Според него, биле испалени 34 ракети, од кои 21 биле пресретнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот