Во тек јавниот повик на Град Скопје за субвенции за чистење оџаци

Со оваа мерка, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Град Скопје ги повика граѓаните и другите субјекти да се пријават за субвенции за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

– Со оваа мерка, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје, информира прес – службата.

Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.

Оттаму посочуваат дека досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени 56 барања од граѓаните, а јавниот повик ќе биде отворен до 30 ноември 2020 година, по принципот „прв дојден прв услужен”, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот