Во Тајланд пронајдено распарчено тело на германски бизнисмен

Тајланд полиција / Фото EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Тајландските власти го пронашле распарченото тело на исчезнатиот германски бизнисмен во замрзнувач. Потрагата по Ханс-Петер Мек (62) завршила трагично, откако во понеделникот вечерта полицијата ги пронашла неговите останки во вреќа за ѓубре во замрзнувач во изнајмена куќа во Нонг Пру, град на југот на Тајланд.

Уапсени се двајца осомничени Германци. Мек, агент за недвижности кој живеел со сопругата од Тајланд во источниот град Патаја, исчезнал на 4 јули. Полицијата вели дека двајцата осомничени се договориле да го убијат Мек, а потоа го транспортирале и го сокриле неговото тело.

Мек последен пат бил виден во неговиот мерцедес во Патаја, според известувањето за исчезнато лице, издадено од неговото семејство, кое понудило 3 милиони бати (86.000 долари) за информации за неговата локација.

Според извештаите, автомобилот бил пронајден на паркинг на станбена зграда во Нонг Пру во неделата. Заедно со телото, инспекторите откриле безжична моторна пила, пар тримери за жива ограда и ролни од пластика. На тајландската телевизија била прикажана снимка од пронајдените предмети.

Полицијата открила и траги од течност за која се верува дека е средство за чистење на седиштата, контролната табла, воланот и други делови од автомобилот.

Полицискиот командант Терачаи Чамнанмор изјави за „Бангкок пост“ дека откритијата сугерираат „намера да се уништат доказите“. Шефот на полицијата на Нонг Пру, Тави Кудталаенг, рече дека од банкарската сметка на Мек недостасувале голема сума пари.

Тој додаде дека посмртните останки на Мек подоцна биле пронајдени со помош на снимки од надзорните камери, но не даде детали. Локалната телевизија објави дека сопругата на Мек му се јавила на нејзиниот сопруг откако тој не се појавил на договорениот ручек на 4 јули.

Таа добила СМС порака во која се тврди дека ќе биде во контакт. Околу 22 часот таа вечер добила уште една порака во која пишувало дека сè уште е со клиент. Но, сопругата на Мек изјави за тајландските медиуми дека Мек никогаш не и пратил СМС за време на нивната петгодишна врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот