Во страотна сообраќајка повредена е жена на скопската обиколница

Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Жена е тешко повредеба во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 14.20 часот на скопската обиколница во близина на клучка за село Стајковци, извести МВР.

Според полицијата сообраќајката се случила кога возило „опел корса“ управувано од М.С. (34) од тетовското село Долно Палчиште, тетовско изгубило контрола и удрило во металната ограда и канделабра.

Од ударот канделабрата паднала на коловозот од обиколницата од спротивната насока.

Во тој момент автомобил „мерцедес МЛ320“ управуван од П.Т.(49) од гостиварското село Врапчиште и „фолксваген поло“ управувано од Р.Ј.(48) од Скопје удриле во металната канделабра.

По незгодата, М.С. била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде по извршените прегледи е задржана на лекување.

Фото: ФБ група Ѕид на сообраќајниот срам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот