Во стилот на големите фудбалски мајстори, ремек дело во ФА Купот! (ВИДЕО)

принтскрин:твитер

Неговиот фантастичен погодок не беше доволен за победа на Ротерам во фудбалското англиско куп натпреварување на дуелот против Хал.

Денеска во рамките од третото коло во ФА Купот екипата на Ротерам загуби на домашен терен од Хал со резултат 2:3.

Во 43. минута непосредно пред крајот на првото полувреме една прекрасна мајсторија на домашниот играч Кајл Васел.

Беше изведен аут, топката дојде до Васел кој „распали“ и во стилот на големите фудбалски мајстори на еден фантастичен начин ја затресе гостинската мрежа.

Но, тој погодок не беше доволен за триумф, бидејќи фудбалерите на Хал успеаја во вториот дел да направат комплетен пресврт, најмногу благодарение на Ивс кој реализираше хет-трик на оваа средба.

Во другите натпревари Бирмингем-Блекбурн 2:1, Барнли-Питерборо 4:2, Милвол-Њупорт Ко 3:0, а ќе се повторат дуелите Бристол сити-Шрезбери 1:1 и Рочдејл-Њукасл 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот