DCIM100MEDIADJI_0042.JPG

Во Стајковци се гради нов спортски комплекс „Иван Илиев“ именуван по дете кое го загуби животот во поплавите во 2016-та година

Во завршна фаза е изградбата на новиот спортски комплекс во Стајковци „Иван Илиев“ во кој како што информираат од Општина Гази Баба, се гради спортски терен на подлога од вештачка трева, како и ново кошаркарско игралиште на подлога од асфалт.

– Истовремено се направи и реконструкција на детското катче кое е во рамки на спортскиот комплекс кој ќе го носи името на Иван Илиев, дете од населеното место Стајковци кое го загуби животот во поплавите во 2016-та година – информираат од оваа локална самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот