Во Србија се продаваат 3.000 нерегистрирани суплементи
На интернет пазарот на додатоци во исхраната во Србија годинава се идентификувани 92 страници со 6.700 огласи преку кои се продаваат додатоци во исхраната кои не се регистрирани во базата на податоци на Министерството за здравство, соопшти денеска Стопанската комора на Србија (ПКС).
Препорачано
Последните податоци покажуваат дека на продажба се огласени повеќе од 3.000 нерегистрирани суплементи, што е за 30 отсто помалку од 2019 година, беше речено на стручниот состанок „Проблем со недозволена трговија со додатоци во исхраната во Република Србија“.
Мирјана Вучиќевиќ, секретар на Здружението за фармација и медицинска дејност на ПКС, рече дека проблемот со нелегалната циркулација на додатоци во исхраната не е изразен само во Србија, туку и во далеку поразвиените земји.
Бројките покажуваат дека во 2022 година во аптеките во Србија биле продадени 47 милиони пакувања со додатоци во исхраната, што е зголемување за 33 отсто во споредба со 2019 година. Лани извозот на овие производи од Србија бил вреден 35,7 милиони долари, а додатоците во исхраната биле увезени за 71,2 милиони долари.
Во Србија работат 110 производители на додатоци во исхраната, од кои 40 обезбедуваат услуги за договорно производство, објави Данас.рс.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
36мин
-
50мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


