Во Србија ќе почне со работа „Раша тудеј“, руската државна телевизија забранета во цела Европа

РТ, Раша Тудеј/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Руската државна телевизија „Раша тудеј” (РТ) на српски јазик наскоро ќе почне со работа, а главен уредник ќе биде Јелена Милинчиќ, ќерка на уредничката на „Спутник Србија“ Љубинка Милинчиќ.

Порталот „Спутник Србија“ ја објави оваа информација како одговор на јавниот настап на поранешниот министер за одбрана Драган Шутановац, во кој ја споменува Јелена Милинчиќ.

-Еве, да го запознаеме Шутановац дека Јелена Милинчиќ, ќерката на Љубинка Милинчиќ, веќе не е во Париз, ниту студирала таму (како што изјави во своите медиумски настапи), туку е во Белград и дека таа е главен уредник на „Раша Тудеј“, која наскоро ќе почне да работи на српски јазик, соопшти Спутник.

Во март, Советот на ЕУ одлучи да ја прекине дистрибуцијата на руските државни медиуми „Раша тудеј” и „Спутник” на територијата на цела ЕУ. Како што пренесоа медиумите, санкциите ги опфаќаат сите средства за пренос и дистрибуција, како кабелска, сателитска, IPTV, платформи, веб-страници и апликации, а сите релевантни лиценци, овластувања и договори за дистрибуција се суспендирани, соопшти Советот на ЕУ.

И македонската влада им препорача на кабелските оператори да ја исклучат оваа телевизија од своите понуди во земјава, а тие тоа и го направија во

Во Брисел оценија дека овие два медиумa се важни инструменти за „поттикнување и поддршка на руската агресија” против Украина и дека претставуваат „значајна и директна закана за јавниот ред и безбедност на ЕУ”.

Портпаролот на ЕК, Петер Стано, на прашањето на ТВ Н1 да ги коментира тие најави, тогаш потсети дека ЕУ воведе рестрикции за тие медиуми како дел од санкциите против Русија и дека Србија како земја-кандидат се очекува постепено да ја усогласува својата надворешна и безбедносна политика со ЕУ и нејзините одлуки.

-Раша тудеј е дел од рускиот пропаганден и дезинформациски инструментариум со кој Кремљ ја надополнува својата нелегална агресија врз Украина и убивањето на Украинците, рече Стано во одговорот за ТВ Н1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот