Во Србија има епидемија на голема кашлица, кај нас регистрирани два случаи кај деца
Во Србија, голема кашлица е потврдена кај 1.020 лица до 7 јануари, а секој втор случај е кај деца на возраст од 10 до 14 години, покажуваат податоците на Институтот „Батут“. Најголем дел од заболените се во Белград, каде е забележана и епидемијата, пишува РТС.
Препорачано
„Сигурно не сме имале толку пациенти во последните дваесет години, а резултатот од толкав број пациенти може да се објасни со неколку причини – вели др. Ивана Беговиќ Лазаревиќ, епидемиолог на Градскиот институт за јавно здравје.
Кај нас, пак, засега има само два позитивни случаи. Едниот е случај од Кичево, а вториот случај е веќе хоспитализиран во „Козле“ и станува збор за шестмесечно бебе од Скопје. И двете деца не се вакцинирани.
Единствениот виновник за враќање на вакви заборавени заразни болести е резултат на сè помалиот број вакцинирани деца, посочуваат лекарите.
И министерот за здравство Фатмир Меџити денеска апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


