Во Словенија рапидно расте бројот налица со тешки симптоми: Итно се потребни нови кревети на одделенијата за интензивна нега

epa08271126 Exterior view on the hospital and clinic for infections in Ljubljana, Slovenia, 05 March 2020. Slovenian authorities confirmed on 04 March late at night a first patient with milder symptoms of Covid-19. The patient is reprtedly in an isolation unit under quarantine. The patient came from Marocco via Italy, reports said. EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Во Словенија, во третиот бран на епидемијата со ковид-19, бројот на хоспитализирани лица со тешки симптоми рапидно расте, поради што владата денеска им нареди на болниците да го зголемат капацитетот во одделите за интензивна нега на ковид-болниците.

– Болниците треба да обезбедат уште 179 кревети во единиците за интензивна нега до крајот на неделава, изјави министерот за здравство Јанез Поклокар за време на посетата на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, најголемата болница во земјата.

Во моментов има 145 пациенти во одделенијата ковиод во УКЦ, од кои 43 се на интензивна нега и на сите им е потребна респираторна поддршка, тие се во критична фаза и животно загрозени. Има двојно повеќе мажи од жени, 28 проценти од пациентите со ковид-19 се на возраст под 60 години, а речиси третина се на интензивна нега. Тоа се дел од информациите што министерот ги добил при посетата на УКЦ.

Според инфектологот од Универзитетскиот медицински центар, Татјана Лејко Зупанц, во третиот бран на епидемијата, помлади пациенти на возраст од околу 60 години биле хоспитализирани почесто отколку во вториот бран, што е за 10 години помалку од просекот во вториот бран.

– Најстариот пациент има 96 години, а најмладиот – 31 година, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот