Во „Слободен печат“ немало и нема да има говор на омраза

„Слободен печат“ – и весникот и порталот – не објавил, ниту ќе објави, статус, изјава… што содржи говор на омраза, навреди, повици на насилство и други слични изрази кон личности и заедници врз национална, религиозна, етичка или каква било друга припадност.

Не само поради тоа што таквите содржини се во спротивност со новинарскиот кодекс, туку и поради тоа што се косат со моралните принципи на луѓето кои работат и го водат  „Слободен печат“.

Последниот случај – поточно речено скандал – со статусот на Бранко Тричковски објавен на „Фејсбук“ во врска со министерката за труд и социјална политика Рахела Мизрахи е илустривен доказ за ваквиот став на нашиот медиум.

„Слободен печат“ не само што не го објави, туку и најостро, јавно, ја осудува неговата антисемитска порака до министерката.

Но, Тричковски е колумнист на „Слободен печат“ и како што е познато, многу е тешко да со одвојат личноста од неговото дело. И, наместо да се направи таа разлика – без оглед колку е тоа „тешко“ – сите злонамерни медиуми побрзаа да го поистоветат „Слободен печат“ со ставот на Тричковски.

Дури и да ја нагласат улогата („придонесот“) на нашиот медиум во ширењето говор на омраза, иако статусот на Тричковски воопшто не беше пласиран преку „Слободен печат“!

Редакција „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот