Во Скопје се протестира против „омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство” (ВИДЕО)

Со транспаренти „За народна власт” и извикување „Македонија! Македонија!” и „Никогаш Северна, само Македонија” денеска од пред седиштето на Европската унија во Скопје започна протест, што беше најавен на социјалните мрежи како „Семакедонски народен собир” против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство”.

Од пред седиштето на ЕУ, Страшко Олумчев – претседател на Македонска народна партија, порача дека ова е протест на македонскиот народ, незадоволен од 30-годишното работење на македонското Собрание.

– Нас ни ги спорат правото на самоидентификување и во тој случај, ние Македонците имаме право, од бога дадено, да си го браниме, да си го чуваме идентитетот и државата. Премногу жртви Македонија има дадено низ вековите, за да дозволиме корумпирани политичари под команда на Брисел и светската влада во сенка да не ништат и да не бришат, изјави Олумчев.

Протест ,,Семакедонски народен собир”

Publiée par MИА.mk sur Dimanche 30 août 2020

Протестот е планирано да заврши пред Собранието.

Поради протестот попладне од 15 часот во централното подрачје на Скопје е воспоставен посебен сообраќаен режим. Затворени за сообраќај до завршување се: ул. „Кирил и Методиј”, бул.„Св.Климент Охридски”, ул.„Димитрие Чуповски”, ул.„11-ти Октомври”, ул.„Македонија” и ул.„Даме Груев”, а сообраќајот ќе биде пренасочен по бул.„Кочо Рацин”, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, бул.„Партизански Одреди”, ул.„Павел Шатев”, ул.„Антон Попов” и други околни сообраќајници.

Инаку, пред неколку дена најавениот собир преку видеопорака го поддржа митрополитот на МПЦ-ОА Агатангел.

– Со песна ќе се појде до македонскиот парламент да се искаже незадоволство прво кон промената на светото македонско име, промената и непризнавањето на македонскиот јазик, непризнавањето на МПЦ која е столб и тврдина на оваа света македонска држава. На демократски начин да се избориме за нашите права, истакна во пораката владиката Агатангел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот