Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Моријасу пред мечот со Бразил: Ако има пенали, јас ќе одлучам кој ќе шутира, а не играчите

Селекторот на фудбалската репрезентација на Јапонија, Хаџиме Моријасу, откри дека тој ќе ги избере изведувачите на пенали против Бразил доколку натпреварот од 1/16 финалето на Светското првенство биде решен со удари од белата точка на Светското првенство.

Јапонија беше елиминирана од Светското првенство во 2022 година во Катар откако тројца играчи ги промашија своите пенали против Хрватска во осминафиналето. Доколку натпреварот против Бразил на стадионот во Хјустон (19.00 часот) заврши нерешено по 90 минути и продолженијата, Моријасу најаво дека ќе ја преземе важната одлука од своите играчи.

– Овој пат, доколку има пенали, јас ќе го одредам редоследот на изведувачите, наместо играчите да се пријавуваат како минатиот пат. Јас ќе ја донесам одлуката и ќе одлучам кој ќе шутира – рече Моријасу.

Јапонскиот тим на Мундијалот дојде со големи амбиции, а победите над Германија, Шпанија, Англија и Бразил во последните четири години додадоа тежина на аргументот дека тимот може да стигне далеку на Светското првенство. Јапонија го победи Бразил на Карло Анчелоти со 3:2 во пријателски натпревар во Токио во октомври.

Моријасу, исто така, кажа дека патувањето за време на турнирот, кој се одржува во Канада, САД и Мексико, е исцрпувачко за играчите и призна дека еден ден помалку одмор од Бразил е пречка што тимот мора да ја надмине.

– Во блиска иднина, веруваме дека сме способни да ја освоиме титулата и веруваме дека имаме таа шанса, дури и за ова Светско првенство. Некои луѓе велат дека Јапонија е скриен фаворит и ние ќе играме имајќи го тоа предвид – вели јапонскиот селектор.

Јапонија ќе биде без крилниот напаѓач Такефуса Кубо за натпреварот против Бразил поради повреда. „Јапонскиот Меси“ го скина менискусот на левото колено за време на првиот меч против Холандија на 14 јуни, па ги пропушти дуелите со Тунис и Шведска.

– Тој сè уште трча само поединечно, па затоа нема да игра на натпреварот против Бразил. Навистина сакаме брзо да се опорави и тој го сака тоа – се зборовите на Моријасу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот