Во Скопје пронајдени две починати лица

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во објект во изградба на ул.„Орце Николов” во Скопје бил пронајден починат В.Љ.(40) од нас.Илинден – Скопје, вработен во градежна фирма од Скопје.

Смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот му била извршена обдукција, по што било предадено на семејството за погреб.

Вчера исто така во СВР Скопје било пријавено дека во с.Орман, скопско, во близина на реката Лепенец, на место викано „Лески”, било пронајдено тело на починато лице.

Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот