• Починато лице

На Бит-пазар пронајден починат маж без лични документи

Вчера во 10:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ на подрачјето на Бит-пазар во Скопје починало едно машко лице, кое немало лични документи за идентификација. Како што информираат од МВР, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.