Во шума покрај река пронајдена Марина која ја закла мајка и Зорица

Фото: илустрација / SINIŠA PAŠALIĆ / RAS SRBIJA

Србинката Марина Цветковиќ, осомничена дека ја искасапила мајка си Зорица во нивниот семеен дом, е фатена во близина на игралиште во шума недалеку од фабрика во населбата Никола Тесла. Засега не се знае дали некој од лицата кои живеат во овој крај пријавил или полицијата ја забележал, со оглед на тоа дека интензивната потрага по неа трае 24 часа.

„Многу полициски возила беа забележани како минуваат низ нашата улица синоќа. Пристигнуваа етапно, по две или три. Имаше патролни возила и необележани, веројатно имало и форензичари. Таа се сокрила кај игралиштето во шума, веројатно надевајќи се дека никој нема да ја види поради дрвјата. Потрагата и апсењето заврши околу девет ноќеска“, велат сограѓани на Марина за Телеграф.рс .

Само за потсетување злосторството се случило во неделата во вечерните часови на улицата Сава Костица каде Марина живеела со таткото Најдан и мајката Зорица. Сведоци на злосторството нема бидејќи Најдан чувал кози во блиското Бањско Поље во моментот кога неговата сопруга Зорица била лишена од живот од нивната ќерка.

Марина, која е осомничена дека ја заклала мајка си, била во бегство речиси 24 часа. Таа била пронајдена синоќа во населбата Никола Тесла, од каде била однесена во Институтот за судска медицина, каде што и биле земени облеката и обувките за анализа на биолошки траги создадени при кривичното дело. Оттаму е пренесена во Психијатриската болница во Горња Топоница каде по наредба на Вишото јавно обвинителство ќе и биде извршено вештачење.

Доколку се утврди дека во моментот на делото била со здрав разум, и се заканува затворска казна од десет години до доживотен затвор, која е пропишана за тешко убиство, додека доколку се утврди дека убиството го извршила поради психичка болест ќе се спроведе постапка за определување мерка на безбедност задолжително задржување и лекување во психијатриска установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот