Сараевскиот продуцент и менаџер Руждија Метановиќ, татко на убиениот Аднан/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Во Сараево е убиен синот на познатиот менаџер Метановиќ, осомничен раскажал потресни детали

Во сараевската населба Добриња вчера е убиен Аднан Метановиќ (36), дознава порталот „Аваз.ба“.

Убиениот е син на покојниот Руждија Метановиќ, музички менаџер и продуцент, кој соработувал со Младен Воичиќ-Тифа од Бијело дугме.

Телото на 36-годишен маж било пронајдено на тротоарот пред зградата вчеравечер, поради што полицијата отпрво се сомневала дека станува збор за самоубиство.

Подоцна било утврдено дека станува збор за насилна смрт, по што биле уапсени тројца осомничени убијци: Н. П. (1999), А. Ш. (2000) и Д. Ќ. (1993), сите од Сараево.

Според полицијата, тие го убиле 36-годишен Аднан, а потоа се обиделе да ја прикажат неговата смрт како самоубиство и го однеле неговото тело на тротоарот.

По кривичната обработка, тројцата ќе му бидат предадени на обвинителството, кое продолжува со истрагата и утврдувањето на сите околности на злосторството.

Како што дознава „Аваз“, еден од осомничените за убиството им раскажал на полицајците дека во станот на Метановиќ дошол со уште еден човек, кој веднаш почнал да го удира Метановиќ со рацете и нозете, а потоа и со метална шипка, како и со лажица за чевли. Убиениот бил тешко повреден од ѕверското тепање, особено на главата, додал осомничениот.

Во еден момент, во станот влегла и трета личност, по што двајцата продолжиле да го тепаат, додека третиот осомничен снимал сè. Според неговите зборови, Метановиќ бил во толку лоша состојба по тепањето што едвај се движел или зборувал. Како причина за нападот, тој навел дека, наводно, Метановиќ „средил да бидат претепани“.

Тој исто така рекол дека личноста што учествувала во нападот подоцна отишла дома да се пресоблече бидејќи била покриена со крв.

Инаку, менаџерот Руждија Метановиќ им помагал на младите музички таленти и бил близок со некои познати групи како „Црвена јабука“, „Плави оркестар“, како и со Тифа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот