Фото: ТВ М-Нет ХД /Принтскрин

Во сабота нема да има „Марш на ангелите“ во Кочани, одложен е поради продолжениот викенд

Протестниот марш на семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, „Маршот на ангелите“, најавен за оваа сабота, е одложен поради празникот 1 Мај и продолжениот викенд. Организаторите соопштија дека станува збор за кратка пауза, нагласувајќи дека нивната борба за правда продолжува без прекин.

„Не застануваме. Не молчиме. И нема да се откажеме“, порачаа семејствата на жртвите.

Активностите ќе продолжат веднаш по празниците, а следниот марш е закажан за 9 мај. Организаторите најавуваат уште поголема масовност и повторно ја потенцираат својата главна порака: „Правда мора да има“.

„Пуштете го, ние ќе му пресудиме“: Родителите се гневни на барањето газда Деко да биде пуштен од притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот