Судење за Кочани 2 ден/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

„Пуштете го, ние ќе му пресудиме“: Родителите се гневни на барањето газда Деко да биде пуштен од притвор

„Пуштете го, ние ќе му пресудиме“, реагираа гневно родителите на загинатите во дивата дискотека „Пулс“ откако адвокатката на сопственикот Дејан Јованов – Деко повторно побара да биде пуштен од притвор и реагираше до судот зошто сè уште нема одлука иако барањето било поднесено на 20 април.

-Барам судот да покаже малку човечност и хуманост. Кој било друг човек да беше обвинет во ваква здравствената состојба немаше да продолжи во притворски услови и молам одлуката да биде донесена без пространост и влијание од јавноста – рече адвокатката на Јованов, Билјана Коцевска.

Родителите што беа присутни во делот на јавноста, гневно реагираа на ова и порачаа: „Срамота“, „Пуштете го, ние ќе му пресудиме“. Коцевска побара ваквите изјави да бидат внесени во записник и родителите да бидат отстранети од судницата. Судијката Диана Груевска-Илиевска рече дека засега ќе даде само предупредување.

Обвинителството во однос на предлогот на првообвинетиот рече дека дополнително ќе се произнесе писмено, со оглед дека одбраната доставила дополнителна медицинска документација.

-Ако ептен инсистира одбраната сега да се произнесеме, даваме негативно мислење, затоа што од затворскиот лекар имаме мислење дека таа терапија може да му се пружи во притворски услови – изјави Обвинителството.

Освен за Јованов, поблаги мерки побараа и од одбраната на обвинетите Беким Хаџиу и Тодор Јованов. Тие пред Судот изнесоа предлог за укинување на мерката притвор поради нарушена здравствена состојба.

Одбраната на Шабан Салиу, исто така, информираше дека поднела писмен предлог за укинување на една од петте мерки на претпазливост.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот