Во Португалија, шефовите не смеат да им пишуваат пораки на вработените по работното време

Работа од дома/ Илустрација/ Фото: Профимедиа

Во Португалија отсега ќе биде незаконски за вашиот шеф да ви пишува пораки после работа, а компаниите мора да придонесат за трошоците што произлегуваат од работењето од дома, пишува британски Мирор.

Новите правила одобрени од парламентот на земјата во петокот се одговор на експлозијата на домашната работа како резултат на пандемијата, соопшти владејачката Социјалистичка партија во Португалија.

Според новите закони, компаниите ќе треба да помогнат во плаќањето на трошоците направени од работењето од дома, како што се повисоки сметки за струја и интернет.

Работодавците би можеле да се соочат и со казни за контактирање со работници надвор од работното време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Guardian (@guardian)

Поголема слобода за работниците

Новите закони им забрануваат на работодавците да ги следат своите вработени додека работат од дома.

Измените на португалските закони за работни односи имаат ограничувања; нема да важат за фирми со помалку од десет вработени.

Предлогот да се вклучи „правото на исклучување“ – законското право да се исклучат пораките и уредите поврзани со работата надвор од работното време – беше отфрлен од португалските пратеници.

Новите правила ќе бидат добредојдени вести за родителите на мали деца, кои сега имаат право да работат без да мораат однапред да го договорат тоа со нивните работодавци, додека нивното дете не наполни осум години.

Новите мерки, исто така, имаат за цел да се справат со осаменоста, при што се очекува компаниите да организираат состаноци лице в лице најмалку на секои два месеци.

Португалија беше првата земја во Европа што ги промени правилата за работа на далечина како резултат на пандемијата.

Привремените мерки воведени во јануари годинава го направија работењето од дома за задолжителна опција, со неколку исклучоци. Работодавците исто така беа обврзани да ги обезбедат потребните алатки за извршување на работата од дома.

Додека далечинското работење во текот на пандемијата донесе нова флексибилност за многумина, потребата за понатамошна интервенција стана очигледна преку прашања како што е нееднаков пристап до ИТ опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот