Фото: Општина Аеродром

Во основните училишта во Аеродром се воведува програма за финансиска едукација, даноци и економија

Од Општина Аеродром информираат дека во основните училишта се воведува програма за финансиска едукација преку која, како што велат од Општината, основците ќе се запознаат со значењето на даноците и зошто се плаќаат, како и со функционирањето на економијата.

„Во Општина Аеродром започнува проектот „Фискална едукација“! Горди сме што токму нашата општина е прва во државата која ја воведува оваа програма во основните училишта. Од тука започнува процесот на едукација на младите за финансиската и даночната култура – вештини што се клучни за нивната иднина. Преку практични и интерактивни активности, учениците ќе учат како правилно се управува со парите, зошто се плаќаат даноци и како функционира економијата околу нас“, се вели во соопштението на Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот