Гугл / Фото EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Во нова реклама за телефони, Гугл му се потсмева на Епл

Американската технолошка компанија Google објави кратко видео во кое ги рекламира своите нови Pixel 10 телефони и во исто време се потсмева на својот конкурент Apple за неговите неисполнети ветувања за надградба на асистентот Siri со вештачка интелигенција.
Во видеото, кое беше објавено на платформата „Youtube“ и мрежата „X“, нараторот иронично им кажува на корисниците дека „едноставно можат да го променат телефонот“ ако го купиле уредот за функција што „доаѓа наскоро“, но сè уште не е испорачана. „Google“ го искористи добро познатиот мотив од песната „The Next Episode“ од раперот Dr. Dre- пишува Каматица.

Во исто време, компанијата потврди дека презентацијата на новите телефони ќе се одржи на 20 август, во 19:00 часот по средноевропско време.

„Епл“ минатата година објави дека нивниот iPhone 16 ќе добие значително подобрување на асистентот Сири со помош на вештачка интелигенција, но оваа функција не е достапна ниту по една година, а рекламата што ја промовираше оттогаш е повлечена, објавува порталот Verge.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот