Во Њујорк 15 синагоги добиле лажни закани за бомби

Најмалку 15 синагоги во Њујорк денеска добиле закани за бомби кои се покажале дека се лажни, соопшти еврејската безбедносна агенција во Њујорк.

Според Мич Силбер, директор на Иницијативата за безбедност на заедницата, која ја координира безбедноста на еврејските институции во Њујорк, заканите се дел од кампањата насочена кон затворање на синагогите.

Тој додаде дека се чини дека нема реална опасност за целите.

Според иницијативата, закани добиле пет синагоги во Менхетен, две во Бруклин, една во Лонг Ајленд, две во округот Вестчестер и пет во други делови на Њујорк.

„Има уште експлозиви во синагогата. Овие експлозиви ќе се активираат за неколку часа, а јас ќе влезам во историјата. Ќе се погрижам сите да умрете“, се вели во еден од заканувачките мејлови испратени денеска.

Заканите беа упатени во услови на пораст на антисемитските злосторства од омраза во Њујорк и низ САД по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и војната во Појасот Газа што следуваше потоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот