ЕВН - броила за струја / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Во недела цел ден ќе има прекини на струјата во делови од општина Кисела Вода

Од Електродистрибуција информираат дека во недела, 26 април, од 5 до 15 часот ќе се вршат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, поради што делови од скопската општина Кисела Вода ќе имаат прекини во снабдувањето со струја.

Од Електродистрибуција соопштија дека во недела, 26 април 2026 година, во периодот од 05:00 до 15:00 часот ќе се спроведуваат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија.

Во овој временски интервал, делови од Скопје ќе останат без струја.

Во населбата Драчево се очекуваат краткотрајни прекини на повеќе улици, меѓу кои „Јустинијан Први“, „Драчевска“, „Малешевска“, „Бранко Заревски“, „Антон Димитров“, „Славка Димкова“, „Иван Хаџиниколов“, „Сердарот“, „Герника“, „Киро Фетак“, „Ризо Ризов“, „Јанко Мишиќ“, „Живко Фирфов“, „Ратко Митровиќ“, „Речиште“, „Илија Ристовски“, „Корчевска“, „Домазетовска“, „Иван Тургењев“, „Коперникова“, „Волтерова“ и „Гутенбергова“.

Средношколци фрлале камења кон слоницата во Зоолошка, реагира вработен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот