Во Кисела Вода започнува Културното лето

На Три круши во селото Драчево денеска почнува Културното лето на Општина Кисела Вода.

До 31 август, жителите на Општина Кисела Вода ќе имаат можност да уживаат во музичките изведби на популарни изведувачи како Дани Димитровска, Бени Шаќири, Ефто Пупиновски, КУД Китка, Анастасија Петреска, Сузана Спасовска, група Биоритам, Миле Кузмановски, Силви Бенд, Александар Митевски заедно со Драган Спасов Дац, Кристина Арнаудова, Мики Јовановски Џафер, Искра Трпева, Ѓоко Танески…

Сите настани почнуваат во 20 часот, а ќе се одвиваат на повеќе локации. Освен на Три Круши, музички случувања ќе има и во паркот „Шопен”, како и во паркот „Македонија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот