Во Јувентус ќе има чистка, први на удар се најплатените фудбалери

Анхел ди Мариа е на излезни врати од Јувентус/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Поради лошата финансиска година, управата на Јувентус планира да се ослободи од фудбалерите кои имаат најголеми плати.

Јувентус минатата недела пријави минус од 254,3 милиони евра за сезоната 2021/22, што претставува најголема загуба во историјата на Серија А.

Поради ова раководството на „бјанконерите“ би можело да ја смени стратегијата и да се ослободи од фудбалерите со најголеми плати и тие што идното лето ќе бидат слободни играчи, а на мета ќе бидат Анхел Ди Марија, Хуан Квадрадо, Адриен Рабио и Алекс Сандро.

Квадрадо, кој заработува пет милиони евра годишно, одбил да прифати намалување на платата.

Алекс Сандро кој често е на удар на критичарите поради слабите игри моментно заработува 6,5 милиони евра по сезона, додека Рабио е вториот најплатен играч во клубот со годишна плата од 8 милиони евра.

Ситуацијата со Ди Марија е многу појасна откако Аргентинецот изрази желба да помине една сезона во клубот од Торино и да се врати во татковината по Мундијалот во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот