Фото / Слободен печат / Методи Здравев

Во јануари ни дошле повеќе странски туристи од тоа време лани

Бројот на туристи во Македонија во јануари изнесувал 52.943, од кои 38,2 проценти се домашни, а 61,8 проценти странски, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најмногу странски туристи во јануари годинава имало од Турција (6.732), Србија (3.563), Бугарија (3.256), Грција (3 060) итн.

Во јануари се реализирани 103.983 ноќевања, 45,5 проценти од домашни туристи, а 54,5 проценти од странски туристи.

Податоците на ДЗС покажуваат дека вкупниот број на туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 6,2 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 2,7 проценти. Кај домашните туристи во јануари има годишен раст од 10,1 процент, а кај странските за 3,9 проценти. Ноќевањата на домашните туристи се зголемени за 4 проценти, а на странските се намалени за 7,7 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот