Во израелското летувалиште Ејлат се огласија сирените за воздушна опасност

Обука на израелски војници/ Фото: EPA/ABIR SULTAN

Сирени за тревога денеска се огласија во израелското летувалиште Ејлат на Црвеното Море и околината, а медиумите објавија дека беспилотно летало било регистрирано во израелскиот воздушен простор.

Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот.

Според медиумите проектилот, кој најверојатно бил истрелан од Јемен, бил пресретнат над Црвеното Море пред да полета за Еилат.

Жителите на градот, каде многу раселени Израелци се засолниле откако Хамас го нападна јужниот дел на Израел на 7 октомври и разменија оган со либанскиот Хезболах на север, изјавија дека слушнале експлозии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот