Масакр при дистрибуцијата на храна во Газа/Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Во израелски напади во Газа загинаа 35 лица

Во денешните напади на израелската армија во Појасот Газа загинаа најмалку 35 Палестинци, повеќето од нив во центар за дистрибуција на хуманитарна помош управуван од Хуманитарната фондација Газа (ГФХ) поддржана од САД во централна Газа, соопштија локалните здравствени власти.

Здравствените службеници во болниците Шифа и Ал-Кудс објавија дека најмалку 25 лица загинале додека се приближувале кон дистрибутивниот центар во близина на поранешната населба Нецарим, а десетици биле повредени.

Израелските воени напади во Кан Јунис

Уште десет лица беа убиени во други израелски воени напади во Кан Јунис, на југот од енклавата, додадоа истите извори.

Израелската војска не даде веднаш коментар.

Во вторник, кога здравствените службеници во Газа објавија дека 17 лица се убиени во близина на друг дистрибутивен центар за ГХФ во Рафах, јужна Газа, армијата објави дека испукала предупредувачки истрели за да ги отстрани „осомничените“ кои се приближувале кон војниците и претставувале закана.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека е постигнат „значаен напредок“ во напорите за ослободување на преостанатите заложници во Газа, но дека е „прерано“ да се раѓаат надежи дека ќе се постигне договор.

И покрај напорите на САД, Египет и Катар за воспоставување прекин на огнот во Газа, ниту Израел ниту Хамас не изразија подготвеност да се откажат од своите основни барања, а двете страни се обвинуваат меѓусебно за неуспехот да се постигне договор.

Двајца извори од Хамас за Ројтерс изјавија дека не се запознаени со никаков нов предлог за прекин на огнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот