Во Интер доаѓа фантастичен напаѓач за 15 милиони евра

Европскиот шампион Андреа Белоти досега ги бранеше боите на Торино/Фото: EPA-EFE/Andy Rain

Интер ќе доведе уште еден напаѓач до крајот на преодниот рок за да го комплетира офанзивниот дел од тимот. По заминувањето на Ромелу Лукаку, првата реакција беше ангажирањето на Един Џеко, но тоа не е крај на засилувањата кога станува збор за напаѓачите.

Маркус Турам се споменуваше последните денови, но францускиот напаѓач отпадна од комбинација, па „нераѕурите“ се свртеа кон опциите „дома“.

На крајот, изборот падна на Андреа Белоти, долгогодишен напаѓач на Торино и еден од најдобрите стрелци во Серија А во последните неколку сезони. Едно време, Урбано Каиро го процени на 100 милиони евра.

Преговорите помеѓу Торино и Интер започнаа во понеделникот и завршија доцна синоќа. Европскиот шампион со Италија пристигнува на „Џузепе Меаца“ за 15 милиони евра.

Торино побара 20 милиони за играч чиј договор истекува на крајот на сезоната, но снаодливиот Џузепе Марота успеа да ја намали таа сума. Претходно, Белоти изрази желба да го напушти клубот, тој побара и трансфер во Интер, а се очекува наскоро да потпише договор.

27-годишниот фудбалер досега постигна 99 голови во Серија А, а во првото коло беше стрелец против Аталанта, што се очекува да биде негов последен натпревар во дресот на „биковите“.

Интер започна фантастично во одбрана на Скудетото, успеа со 4:0 дома да ја совлада Џенова на нашиот Горан Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот