Во Град Скопје гледаме театар и циркус, вели Перински
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во гостување на ТВ „21“ упати остри критики за состојбите во Град Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој вели дека скопјани секојдневно се „сведоци на политички театар, наместо на вистинска работа и решенија за проблемите на градот“.
„Она што го гледаме на дневна основа е политички циркус. Под превезот на жртва, сите скопјани станавме жртви. Со освоени 1.571 глас на парламентарни избори, се држат во заложништво 560.000 граѓани“, рече Перински во гостувањето, алудирајќи на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.
Тој посочи дека Градот Скопје се соочува со сериозни системски проблеми, кои не се решаваат, туку се продлабочуваат. Притоа, додаде дека локалните избори, кои следат за неколку месеци, ќе донесат нова можност за промена и за избор на нова градска власт која ќе работи во интерес на граѓаните.
„Градоначалничката функција мора да биде оперативна. Додека се зема плата од буџетот, граѓаните имаат право да знаат што се случува. Во моментов, нема официјални информации од Град Скопје, но неофицијално, само комуналните претпријатија се во долгови од над 40 милиони евра“, истакна Перински, кој е меѓу главните претенденти за скопската градоначалничка функција од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.


