Во Гостивар откриено поголемо количество марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица, двајца македонски и еден албански државјанин, осомничени за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот 38-годишен странски државјанин во Република Албанија набавил поголемо количество наркотична дрога – марихуана, ја внел во Република Македонија и ја скрил во стан во Гостивар. На 6 август двајцата осомничени жители на Скопје, на возраст од 28 и 32 години, како соизвршители договориле купување на 1.990 грама марихуана од првоосомничениот, со цел потоа истата да ја препродадат на наркозависници. Притоа договориле на првоосомничениот да му исплатат сума од 2.500 евра. При обид да ја извршат размената биле забележани од полициски службеници, дрогата им била пронајдена и одземена, а тие биле лишени од слобода. При претрес во станот во Гостивар во кој престојувал првоосомничениот биле пронајдени уште 31.880 грама марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени за кои постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и да ги прикриваат трагите за кривичното дело, како и да го повторат делото.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот