Во Франција речиси 13 милиони лица користеле државна помош за делумна невработеност

Половина од вработените кои биле предмет на барање работеле во компанија со помалку од 50 вработени.

Од 1 март до 25 мај повеќе од една половина од вработените во приватниот сектор во Франција беа опфатени со барања од нивните претпријатија да го користат инструментот за делумна невработеност.

Од почетокот на кризата, вкупно 12,9 милиони вработени се опфатени со барање за претходно одобрување од дирекцијата за труд за делумна активност.

Во овој период државните служби добиле 1.337.000 барања за одобрување за вкупно 5,6 милијарди работни часови. Ова претставува приближно 12 недели со 35 часа за секој вработен. Во однос на распределбата на овие барања, според големината на структурата, 47 отсто од вработените кои биле предмет на барање работеле во компанија со помалку од 50 вработени.

Големите структури, односно оние со повеќе од 250 вработени, претставуваат 33 отсто од работниците во делумна активност. Што се однесува до секторите на активност, барањата главно беа концентрирани во: специјализирани, научни и технички активности, административни и услуги за поддршка (20 отсто), трговија (16 отсто) и градежништво (11 отсто). Конечно, на регионално ниво, Ил де Франс учествуваше со 25 отсто од барањата, а регионот Оверњ-Рона-Алпи, со 13 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот