Во двор од куќа во Ел Салвадор откриена масовна гробница на убиени жени

Досега се откриени остатоци од најмалку 24 лица на имотот на куќата во општина Чалчуапа, на околу 78 километри северозападно од главниот град Сан Салвадор, јави „Гардијан”.

Властите во Ел Салвадор почнаа со ископување на тајна гробница зад домот на поранешниот детектив, бидејќи се верува дека таму биле закопани околу 40 тела од кои повеќето се женски.

Досега се откриени остатоци од најмалку 24 лица на имотот на куќата во општина Чалчуапа, на околу 78 километри северозападно од главниот град Сан Салвадор, јави „Гардијан”.

Ексхумацијата на телата може да трае и следниот месец, соопштија локалните власти.

Потрагата почнала кога поранешниот полицаец Хуго Ернесто Осорио Чавез (51) бил уапсен на почетокот на овој месец откако убил една жена и нејзината ќерка. Осомничениот, кој бил под истрага за сексуални престапи, призна дека извршил двојно убиство.

Кога екипа за судска медицина извршила претрес во неговата куќа, биле откриени најмалку седум тела, од кои некои биле закопани година или две.

Инцидентот го актуелизира прашањето за фемицид во земјата од 6,7 милиони жители, со 70 инциденти од овој тип регистрирани минатата година.

Во Салвадор се регистрирани 111 убиство на жени во 2019 година, покажуваат полициски податоци.

Обвинителството во Салвадор издаде налог за апсење на уште деветмина осомничени кои можеби биле соучесници во злосторствата.

Директорот на полицијата во Салвадор, Маурицио Аријаза Чикас, рече дека меѓу осомничените има и поранешни полицајци, поранешни војници, како и шверцери и други лица кои мамеле жени во смрт.

Насилството врз жените во Латинска Америка, вклучувајќи убиства, се влоши за време на пандемијата на Ковид-19.

Во Мексико минатата недела беше уапсен 72-годишен маж под сомнение дека е сериски убиец на жени, откако во неговиот дом беа пронајдени останки на неколку лица, како дел од истрагата за смртта на помлада жена (36).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот