Во ДУИ само Ахмети е легитимен

Фото: Драган Митревски/ Слободен печат

Четвртиот конгрес на Демократската унија за интеграција (ДУИ), што се одржа во декември 2019 година во Скопје, го избра Али Ахмети едногласно за уште еден четригодишен мандат на чело на партијата. На конгресот не се гласаше за други партиски тела, како што се потпретседатели, секретари, раководители на партиски оддели, итн., бидејќи тоа е во надлежност на генералниот совет.

– Генералниот совет го избира претседателството на партијата. Потпретседателите и другите тела ги избира претседателството по предлог на претседателот на партијата, од редовите на претседателството. Во моментот партијата ја води старото раководство. Од март 2019 година, кога генералниот секретар Атила Реџепи поднесе оставка, не е избран или назначен нов секретар. Значи, сите функционери на партијата, со исклучок на лидерот Ахмети и генералниот совет, се В.Д функционери до нивната замена. Значи, тие се нелегитимни – велат за Слободен печат членови на Генералниот совет на ДУИ.

Причината зошто досега не е повикан Генералниот совет на ДУИ е оправдана со здравствената и економската криза предизвикана од ковид-19. Такво нешто изјави и шефот на ДУИ, Али Ахмети по состанокот на Генералниот совет кој се собра предходниот месец за да разговара за работата на државните службеници на оваа партија, како и за незадоволството во партијата за изборот на кадрите на ДУИ во првиот, вториот и третиот државен ешалон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот