Во Давос се прават оргии, светската елита плаќа богатства за чудни желби — проститутка открива на што се палат најмоќните

Иако дел од барањата изгледаат безопасно, сексуалните работнички во Давос честопати се ангажираат за екстремни сексуални сценарија, при што редовно потпишуваат договори за доверливост. Истовремено, ескортите сведочат дека зад затворени врати се водат мрачни разговори за климатските промени и за иднината на светот, во кои „ултрабогатите отворено признаваат дека нема спас и дека ќе уживаат уште неколку години“.

Секој јануари, додека извршни директори и политичари пристигнуваат во Давос на Светскиот економски форум, уште една индустрија доживува вистински бум. Сексуалната работа во швајцарскиот град цвета за време на еднонеделната конференција, при што ултрабогатите трошат огромни суми за да ги реализираат своите сексуални фантазии – од „ролплеј“ барања до оргии вредни и до 100.000 фунти, објави „Дејли мејл“.

Андреас Бергер, директор за ПР и комуникации на апликацијата за платени состаноци „Тит 4 тет“, за „Дејли мејл“ изјави дека форумот претставува „апсолутен врв на сезоната“, со побарувачка што се зголемува за „речиси 4.000 отсто во текот на таа една недела“.

На „Тит 4 чет“, најскапата резервација досега вклучувала „пет жени ангажирани за четири дена“.

— Вкупниот износ беше 96.000 швајцарски франци (околу 103.500 евра), без дополнителни трошоци како хотел, ресторани, пијалаци или евентуални подароци — вели Бергер.

Жените што доаѓаат во Давос за таа недела мора да платат илјадници евра за сместување, но за многумина финансиската добивка го оправдува тоа бидејќи хонорарите честопати се удвојуваат или утројуваат за време на форумот.

Сѐ живо и диво се ангажира за хонорар

Швајцарската ескорт-агенција „Мај лејдис“ за „Дејли мејл“ изјави дека една поединечна резервација може да чини и до 20.000 евра. Портпарол на агенцијата, кој сака да остане анонимен, вели дека клиентите конкретно бараат „висококласни ескорти“ и т.н. „искуство со девојка“, што подразбира придружба на вечери, настани и на општествени собири.

Според нив, овие жени честопати се „целосно резервирани со денови однапред за неделата на ВЕФ“. Бергер додава дека има и „огромен пораст на жени кои не се професионални ескорти, туку работат редовни работни места или се студентки“.

— Моментално, една наставничка од САД ги нуди своите услуги во Давос — вели тој, додавајќи дека „девојките на ВЕФ честопати имаат универзитетска диплома, зборуваат повеќе јазици и се многу елегантни“.

ВИДЕО | Откриена бизарна мрежа за проституција во Дубаи: Бизнисмени со чудни фетиши, мистериозна смрт на девојки – еден човек стои зад сѐ

Тој открива и дека на минатогодишниот форум една жена, која поминала викенд со директор на глобална компанија, подоцна добила понуда за работа во таа фирма.

Во Давос, најбараните ескорти се облечени во деловни костуми за да не се истакнуваат. Саломе Балтаус, 41-годишна висококласна ескорт дама која работела во Давос, минатата година за „Дејли мејл“ изјави дека не учествува на забави.

— Тоа е многу поексклузивно од тоа — рече таа, додавајќи дека внимателно ги избира клиентите, кои ја ценат не само поради изгледот и дискретноста, туку и поради интелигенцијата.

Бергер вели дека годинашната конференција забележала значителен пораст на Американки кои доаѓаат во Швајцарија да работат за време на Давос, по кои следат жени од Русија, Украина и од Германија.

Секој со своите потреби

Иако некои барања за време на форумот вклучуваат сексуални забави и ролплеј сценарија, други се изненадувачки едноставни. Портпаролот на „Мај лејдис“ раскажа за еден познат учесник кој имал само едно многу едноставно барање, сакал некој да дојде кај него во тренерки и да донесе пица.

— Само сакаше да се исклучи во својот апартман од 5.000 франци, да седи на под со жената, да јаде пица и да зборува за целосно банални работи — рече тој.

Во друг случај, жена била ангажирана четири часа само за да му помогне на еден извршен директор да ја вежба својата главна говорна презентација.

— Требаше само тивко да седи во фотелја, облечена во елегантен вечерен фустан, и да биде публика додека тој ја вежба својата беседа — велат од агенцијата.

„Најмоќните сакаат да бидат потчинети“

Сепак, покрај овие навидум невини барања, жените честопати се ангажираат и за екстравагантни сексуални искуства и редовно потпишуваат договори за доверливост (НДА).

— Најекстремниот состанок беше вистинска сексуална забава – дивa оргија со луди ролплеј сценарија —  вели Бергер, додавајќи дека тие честопати ги прегледуваат НДА-договорите во име на девојките и ги советуваат што смеат, а што не смеат да потпишат.

Една ескорт дама која работи во Давос со агенцијата „Луксуз ескорд грлс“ вели дека некои од најмоќните луѓе во светот „сакаат да бидат потчинети“, раскажувајќи дека честопати е ангажирана само за да „им командува“ на тие мажи.

— Колку е понекогаш помоќен некој во деловниот свет, толку повеќе во приватноста копнее по улогата на потчинет — изјави таа.

Балтаус вели дека била сведок на разговори за теми како климатските промени, кои, според неа, ги тераат ултрабогатите да бидат мрачни за иднината на светот.

— Сите зборуваат за климатските промени. Знаат дека повеќе не можат да се спречат. Велат дека ќе уживаат уште неколку убави години на Земјата и дека нема иднина. Многу се цинични и некако длабоко тажни — рече таа.

Според неа, ваквите теми честопати се отвораат во бар, сауна или во хотелско лоби – особено кога луѓето веќе испиле неколку пијалаци.

Бразилска „мадам“ и македонски Сириец носеле Бразилки во „Џевахир“, услугите им чинеле и до 800 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот