Во Бугарија го разрешија директорот на Националното разузнавање

 Бугарската техничка Влада го смени шефот на Државната агенција за разузнавање Атанас Атанасов и го назначи за нов директор – Антоан Гечев.

Портпаролот на привремената влада Бантон Кутев изјави дека тој потег е во контекст да се обезбеди одржливост на системот за заштита на националната безбедност.

-Под раководство на Атанасов, Државната агенција за разузнавање спроведувала свои активности со кршење на  објективност, непристрасност и политичка неутралност. Според законот , потребно е да се обезбедат информации од ист обем и содржина до претседателот на државата, претседателот на Националното собрание и премиерот. Постои повреда на овој принцип во однос на разузнавачките информации што му се дадени на претседателот. Поради тоа донесена е одлука за назначување на Антоан Гечев.

Бугарската Влада го смени и заменик-претседателот на таа агенција, Недалко Недиалков и на негово место да го назначи Станислав Станчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот