Во Буџетот нема пари за зголемување на платите на функционерите, тврди Бесими

Фото: Profimedia

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека во Буџетот нема пари за зголемување на платите на функционерите во 2024 година.

– Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година. Тоа значи дека тоа е одраз на политиката што ја најави Владата дека ќе има интервенции во законот тоа да не се случи во 2024 година. Нема пари за дополнителното зголемување според законот каде што секоја година им следи зголемување согласно усогласувањето со просечната плата. Нема пари во Буџетот планирани за дополнително зголемување на платите на функционери и именувани лица, рече Бесими.

Во однос на огласите за вработување во државните институции, Бесими посочи дека има одлив на кадар во институциите и дека испразнетите места треба да се пополнат. Согласно заклучок на Влада дозволена е и трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, но тоа да биде во рамки на предвидениот буџет на институцијата.

-Имаше заклучок на Влада, а потоа и одлука што се спроведуваше во сите институции, во рамки на буџетот, на исто ниво на плати, тие што беа со определено време повеќе од две години да можат да добијат статус на редовен работен однос, но тоа да се спроведе преку јавен оглас на конкурентен начин, појасни Бесими.

За Министерството со кое раководи, посочи дека секоја година има значителен одлив на кадат, Така, во 2021 година заминале 56 лица од Министерството, во 2022 година 67 лица, а лани околу 40 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот