Фото: Профимедиа

Во Британија ќе биде одобрен лек кој ја забавува Алцхајмеровата болест

Леканемаб, првиот лек во историјата кој е пронајден за забавување на Алцхајмеровата болест, ќе биде одобрен за употреба во Велика Британија, пишува британски „Телеграф“.

Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (МХРА) се очекува денеска да даде одобрение за лек за кој е откриено дека го забавува когнитивниот пад кај заболените за 27 отсто. Лекот кој се дава на секои две недели преку интравенско капнување ќе може да се препишува приватно.

Европската агенција за лекови минатиот месец одби да даде лиценца за лекот. Тие тврдеа дека потенцијалните несакани ефекти го надминуваат ефектот што лекот го има врз забавувањето на болеста. Еден од потенцијалните несакани ефекти е крвавење во мозокот.

Некои од испитувањата покажаа дека леканемаб, направен од јапонската фармацевтска компанија „Еисаи“, ги забавува раните фази на Алцхајмеровата болест. Ова е првиот напредок во лекувањето по речиси три децении, пишува британски „Телеграф“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот