Јонче Христовски / Фото: Јутјуб / МРТВ / скриншот

Во Битола му подигаат споменик на Јонче Христовски

Легендарниот Јонче Христовски (1931–2000), автор и изведувач на некои од најпознатите македонски народни песни, ќе добие споменик во Битола. Обележјето се гради на влезот во Старата битолска чаршија, во непосредна близина на дрвениот мост на реката Драгор, објави „Фокус“.

Изградбата на споменикот се врши со посебно решение за поставување спомен-обележја и скулптури, а инвеститори се Општина Битола и Стопанска банка АД Битола, која е и донатор на иницијативата.

Јонче Христовски остави трага во македонската музика како пејач, текстописец и композитор.

Тој е автор на хитовите „Македонско девојче“, „Куќа имам на Пелистер“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Едно име имаме“ и многу други песни.

Во кариерата Христовски често настапуваше во дует со Виолета Томовска, со која ги испеа и легендарните „Македонско девојче“ и „Ој, Вардаре македонски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот