Во Белгија починаа седум лица заразени со колумбиската варијанта на коронавирус
Седум жители на пензионерски дом во Белгија починаа, откако се заразиле со колумбиска варијанта на коронавирус и покрај тоа што биле вакцинирани.
Препорачано
Оваа варијанта на коронавирусот, за првпат се појави во Колумбија, а во последните недели беше потврдена во Соединетите држави, додека пак се уште е ретка во Европа.
Седум луѓе кои починаа во пензионерски дом во белгискиот град Завентем, недалеку од Брисел, беа во осумдесеттите или деведесеттите години, а некои веќе беа во лоша здравствена состојба, рече Марк Ван Ранст, вирулог на Универзитетот во Левен, кој ја анализираше варијантата на вирусот.
Тој додаде дека е загрижувачки што починале иако биле целосно вакцинирани.
Научниците се уште не знаат дали колумбиската варијанта се пренесува полесно од другите, рече тој.
Во Белгија, таа варијанта учествува со помалку од 1% од познатите случаи на ковид-19, во споредба со САД каде застапеноста е 2%.
Во Завентем се заразија 21 жител на пензионерскиот дом и неколку вработени. Вработените во домот имаа само благи симптоми.
Ван Ранст рече дека во Белгија доминантна е делта варијантата, која првпат се појави во Индија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


