Во Бејрут втор ден насилни протести, пожар пред парламентот, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Во Бејрут, втор ден по ред, демонстранти се собираат на протест, притоа фрлајќи камења кон безбедносните сили кои го блокираа патот до зградата на Парламентот во Либан.

Како што пренесуваат странските агенции, стотици демонстранти се собрале на главниот плоштад  кои протестираат против политичката елита која ја обвинуваат за економската и политичката криза во земјата, како и за неодамнешната катастрофална експлозија во пристаништето.

Либанската полиција вечерва употреби солзавец против демонстрантите кои силите на редот ги гаѓаа со камења блокирајќи го патот недалеку од парламентот во центарот на Бејрут, на втор ден од протестите против Владата.

Пожар избри на влезот од плоштадот пред парламентот, додека демонстрантите се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон.

Прочитајте и...  ИДЦМ: Милиони новораселени лица поради ескалација на конфликтите

Демонстранитите исто така провалија и во просториите на Министерството за станбени прашања и сообраќај.

„Сакаме да ја уништиме владата. Тие не ни даваат ни работа и ни го ускратуваат правото“, рече Нисан Грави, 19-годишен демонстрант.

Еден полицаец беше убиен во судирите меѓу полицијата и демонстрантите вчера, а демонстрантите упаднаа во неколку министерства, како и во банкарското здружение.

Според најновите податоци, во експлозијата во пристаништето во центарот на Бејрут загинаа 158 лица, а повредени се повеќе од 6.000, додека 21 лице се водат како исчезнати. 

Прочитај повеќе

Бројот на заразени со коронавирус во Франција надмина 500.000

Слободен печат

Дождот ја преполни канализацијата во Мексико: Сите се изненадија што пронајдоа во неа (ВИДЕО)

Слободен печат

Стопанските комори се задоволни од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните

Воен авион се урна во Украина, најмалку 20 лица загинаа (ВИДЕО)

Слободен печат

Српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ почина на 74-годишна возраст

Слободен печат

Кривокапиќ: Политичката судбина на Ѓукановиќ и Марковиќ ќе биде онаква како што заслужуваат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силно невреме во Црна Гора: Обилните врнежи предизвикаа поплави во Котор и Тиват (ВИДЕО)

Слободен печат

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Валентина Т

Сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје вечерва блокиран заради поскапувањето на струјата

Слободен печат

Навални им се заблагодари на руските доктори и пилоти: Ви благодарам, вие сте добри луѓе (ФОТО)

Слободен печат

Лајчак: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е одложен поради пандемијата

Слободен печат

Пожарот во Хуавеј го доби својот епилог: Пронајдени телата на три лица, пожарот „волшебно“ избил во истражувачкиот дел

Слободен печат