Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Во Барселона работата со „полна пареа“: По Левандовски, договорен уште еден потпис

Само еден ден откако Роберт Левандовски го продолжи договорот, Барселона обезбедила уште еден важен потпис и постигнала договор со младиот стопер Пау Кубарси.

Во прашање е продолжување на соработката до 2030 година, а ова не е изненадување ако се знае дека Кубарси во овој момент важи за еден од најталентираните дефанзивци на планетата.

Кубарси веќе го продолжи договорот на лето на максимални три години бидејќи се уште не беше полнолетен. Минатиот месеци наполни 18 години, па во Барселона одлучиле да реагираат и да му дадат договор на пет години.

Откупната клазула во догвоорот не е позната, но нема дилеми дека станува збор за сума која ретко кој би можел да ја плати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот