Во Бар убиен член на Шкаљарскиот клан

Полиција во Црна Гора / Фото: МИА

Припадник на организирана криминална група е убиен утрово во престрелка во Бар, пренесува црногорски „Вијести“, повикувајќи се на информации од тамошното МВР. Како што дознава „Вијести“, убиен е Едмонд Мустафа, член на Шкаљарскиот клан.

Полицијата го блокираше градот и трага по сторителите. Очевидци велат дека слушнале неколку истрели, а со жртвата била и жена.

Тие изјавија дека напаѓачот побегнал со мотор, а жртвата била пренесена со возило на брзата помош.

Полицијата е на лице место, увидот е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот