Пари, денари / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Во април ново линеарно покачување на пензиите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Владата продолжува со политиката на линеарно зголемување на пензиите. Следното покачување пензионерите ќе го добијат во април, со исплатата на мартовската пензија.

Да, ќе има повторно линеарно зголемување. Последните статистички параметри за нивото на сиромаштија и Џини коефициентот само дополнително ја оправдуваат оваа политика – рече Мицкоски.

 

Тој потсети на динамиката на зголемувањата: по 2.500 денари во ноември 2024 и април 2025, како и 1.000 денари во ноември 2025 година.

-Така ќе биде и сега во април за мартовската пензија во 2026 година. Сакаме да го намалиме нивото на сиромаштија и Џини коефициентот, кој подразбира нерамномерна распределба на приходите. Во тој поглед сме најдобри во регионот и над европскиот просек – додаде премиерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот