Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во Англија даваат и до 20 фунти ако ги исклучите електричните апарати на еден час

Велика Британија е зафатена од многу студено време, а енергетскиот систем на земјата почнува да доживува недостиг поради високата потрошувачка. За да се избегнат масовните прекини, два дена по ред беше во сила план за итни случаи, според кој на домаќинствата им се плаќаше доколку ги исклучат електричните апарати во шпицот на потрошувачката. Во понеделник тоа се случило меѓу 17 и 18 часот, а во вторник од 16:30 до 18 часот, пишува „24Часа“бг.

Ветувањето беше дека луѓето би можеле да добијат до 20 фунти попуст од нивните месечни сметки за струја и гас доколку ја намалат потрошувачката на енергија за повеќе од 20 отсто.

Над милион домаќинства и компании сакаа да учествуваат во шемата, со услов да имаат таканаречени „паметни броила за струја“ кои ја пријавуваат потрошувачката на електрична енергија во реално време. Речиси 29 милиони локации во Обединетото Кралство веќе ги имаат, но се покажа дека многумина не поднеле барање за попуст, и покрај тоа што 26 добавувачи на енергија ветија дека ќе им помогнат на своите клиенти.

Многумина од оние кои учествуваа го изразија своето разочарување пред медиумите, бидејќи добија само околу 30 пени, иако ја намалија потрошувачката на минимум.

Вкупно 850.000 фунти се платени за намалена потрошувачка во понеделник и 2,1 милиони фунти во вторник. Претставниците на британските власти изјавија дека финансиската шема за флексибилна потрошувачка најверојатно ќе стане дел од животот на Обединетото Кралство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот