Во Албанија минатата година смртноста зголемена за 25,8 отсто

Фото: centralbanking.com

Минатата година почнале 27.605 лица, од кои 15.504 биле мажи и 12.101 жена.

Албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ, објави дека во 2020 година е забележан раст од 25,8 отсто на смртни случаи во споредба со 2019 година.

Минатата година почнале 27.605 лица, од кои 15.504 биле мажи и 12.101 жена.

Официјалните податоци објавени од ИНСТАТ покажуваат дека за виската смрттност има четири главни причини. Во 2020 година се евидентирани 14.422 смртни случаи како резултат на срцеви заболувања, други недијагностицирани болести или смрт од старост. Од вкупниот број, условно поради возраста, главно над 70 години се 4.699, карциномот причина за смртта на 3.599, додека белодробните заболувања за 2.454 лица.

Од 27.605 смртни случаи, 25.164 се како последица на споменатите четири заболувања, додека 2,7 отсто отпаѓаат на сообраќајни несреќи, убиства и самоубиства.

Според официјалната статистика, минатата година 1.181 лице го загубило животот како последица од Ковид-19. Бројот на смртни случаи предизвикани од белодробни заболувања минатата година е 4,5 пати поголем отколку во 2019 година, сето тоа како последица на заразата од опасниот вирус.

Највисок процент на смрттност е забележана во округот Ѓирокастро – 1.556,9 , додека најнизок во Тирана – 784,1 на 100.000 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот