Во Албанија два нови случаи со коронавирус, вкупно заразени 12 лица

104 лица кои контактирале со веќе заразените се во домашна изолација, меѓу нив и здравствени работници.

Во Албанија потврдени се два нови случаи на лица заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број на  инфицирани се искачи на 12 лица.

-Направени се 43 нови тестови, само два случаи се позитивни. Едниот бил во контакт со првозаразените, татко и син во Тирана, додека другиот е повозрасно лице од Љушња кој допатувал од Бергамо. До денеска тестирани се вкупно 157 лица сомнителни на Ковид-19 а до сега само 12 беа позитивни, од кои дури девет имале контакт со првозаразените, рече заменик министерката за здравство Мира Ракацоли, на редовната пладневна прес конференција.

Таа додаде дека 104 лица кои контактирале со веќе заразените се во домашна изолација, меѓу нив и здравствени работници.

Албанското Министертво за здравство денеска издаде нова наредба со која до 3 април се става клуч на врата на ноќните клубови, детските забавни објекти, спортски центри, базени, интернет-клубови, културни центри, пабови и диско- клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот